Почетна / Забава / Најголемата балканска дива Цеца и Џенан Лончаревиќ на концерт во Охрид

Најголемата балканска дива Цеца и Џенан Лончаревиќ на концерт во Охрид

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца заедно со Џенан Лончаревиќ на 28. јули ќе одржат голем концерт во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори”.

Стадионот Билјанини Извори ќе одекнува со “Анџео другог реда”, “Лажов ноторни” , „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, “Дидуле” на Цеца и “Одавде до неба”, “Никоме ни реч”, “Добро је то” на Џенан, како и многу, многу други безвременски хитови.

Цеца и Џенан ќе приредат повеќечасовен концерт кој долго ќе се памети. Почетокот на концертот е закажан во 21 часот. Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.

Влезниците се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com , “Пола Југотон” и “Цвеќара Розе” – Веро 2, по промотивна цена од 600 ден само до 16. Јули.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хит комедијата „Вечерва сме сами“ на 26 април во „Национална опера и балет“

Хит комедијата „Вечерва сме сами“, во која Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ со својата маестрална …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!