Почетна / Телевизија / Мјузиклот „Библијата“ во недела на 22 јули на репертоарот на Наша

Мјузиклот „Библијата“ во недела на 22 јули на репертоарот на Наша

Недела, 21.15 часот – тетаар на Наша

 

Театар на Наша во недела навечер. Денеска, 22 јули на репертоар е театарската претстава “Библија”. Се работи за мјузикл за деца и возрасни  во режија на Срѓан Јанаќиевиќ. Либретото е на Јанаќиевиќ, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а дизајнот на претставата е на Кирил Василев.

Иако темата е Стариот завет, претставата нема допирни точки со духовна или црковна музика. Во претставата ќе ги видиме Трајанка Илиева – Вељиќ, Викторија Анѓушева, Виолета Шапковска, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Ирена Ристиќ, Калина Наумовска, Гордана Ендровска, Ана Костовска, Катерина Шехтанска – Лаковски, Сања Арсовска, Соња Стамболџиоска, Јана Стојановска, Александра Павлова, Емилија Мицевска, Благица Димитровска, Диме Илиев, Ѓорги Тодоровски, Зоран Љутков, Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов, Анастас Тановски, Златко Митрески.

– Претставата е по форма – мјузикл/оперета, како идеален начин за поставување на сцена на ’најважната книга на светот‘ од неколку причини. Пред сѐ, поради тоа што оваа форма овозможува да ја збие драмската структура на обемната Библија, потоа затоа што овој жанр сѐ уште е нов и недоистражен на нашите сцени, па секогаш постои жед за него, и на крајот, децата секогаш сакале приказните да им бидат раскажани со музика на сцената, објаснува Јаниќијевиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 …

Leave a Reply