Почетна / Телевизија / МРТ ќе доделува признание за најдобрите

МРТ ќе доделува признание за најдобрите

 

Македонската радио телевизија ќе додели признанија за најуспешните во 19 различни категории од општествено – културниот живот. Манифестацијата наречена „МРТ ЗА НАЈДОБРИТЕ“ својата премиера ќе ја има на 16 февруари 2014 година во Македонскиот народен театар со директен пренос на националниот сервис. МРТ го иницира овој проект во година кога се навршува 70 години македонско радио и 50 години македонска телевизија.

 

– „Со тенденција да прерасне во традиционална, оваа манифестација има за цел да им оддаде почит на личности и дела, чиишто заложби, достигнувања, инвентивност, позитивен ефект врз заедницата и одговорностите инспирираат и ги потврдуваат националните и општо човечки вредности“, изјави Мери Попова, уредник на забавна програма на МТВ.

Ќе бидат доделени признанија во 19 категории, во различни сегменти од општествениот и деловниот сектор, инвестиција на годината, град на годината, кампања, пронајдок на годината, хуманист, туристичка понуда, филм, книга, уметник на годината, проект, подвиг, хит од  забавната и македонската фолк музичка сцена, фестивал на годината, спортски успех, менаџер, признание за општествена одговорност, театарска претстава и настан коишто ја одбележаа 2013тата година. „Мрт за најдобрите“ за 2013тата година има ревијален карактер и е креирана според критериумите на новинарите од различните сектори и области на секојдневно работење од  крајот на 2012 и 2013тата година.

– „Признанието што ќе им биде доделено на 19-те најдобри е статуетка чијшто идеен концепт и симболика се рефлектира низ индивидуалноста и посебноста на секој од елементите, кои само заеднички го создаваат единството, а со тоа ја потврдуваат и заедничката вредност, цел и посветеност. Вредностите како и достигнувањата на исклучителните поединци или групи, се преточени не само во самата манифестација туку и во изледот на статуетката“, дополнува Попова.

Вечерта посветена на најдобрите ќе биде збогатена со изведби на познати естрадни и уметнички имиња како Каролина Гочева, Тамара Тодевска, дел од ансамблот на Македонскиот Народен Театар и Детскиот хор како и Биг Бендот на МРТ.                                                                                          

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма телевизија вработува новинари и репортери

Телевизија Телма има потреба за вработување на новинари, репортер во информативна редакција и новинар во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!