Почетна / Филм / Мистериозната драма „Потемнет сјај“ – четврток (23.08) на МТВ 1

Мистериозната драма „Потемнет сјај“ – четврток (23.08) на МТВ 1

четврток, 23 август 2018 година, 21 часот – реприза на “Потемнет сјај”

Џовани Рибиси, Кристина Ричи, Џошуа Џексон, Франка Потенте ќе бидат дел од американскиот психолошки трилер “I Love your work”, кој премиерно беше прикажан на интернационалниот филмски фестивал во Торонто во 2003 година. Филмот зборува за Греј Евенс  – успешен, млад артист, на кој сѐ му поаѓа од рака.

Тој е оженет со преубавата глумица Миа, снима високо буџетни филмови, има многу пари и голем број на обожаватели и фан клубови. Сепак, работите тргнуват по надолна линија кога ќе се посомнева во искреноста на својот однос кон сопругата, што го наведува да размислува за целиот свој живот Греј започнува да си замислува некои работи, како и дека некој обожавател го прогонува. Обидувајќи се да ја разграничи реалноста од илузијата, тој почнува да прави чудни работи кои ке му го сменат животот преку ноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спортска комедија и австралиски хорор денеска на МТВ 1

недела (19.08.2018) – 17.45 часот – “Тренерот” Ник е неодговорен и немотивиран млад човек.Тој е …

Leave a Reply