Почетна / МК Сцена / Македонија ќе добие нов музички портал

Македонија ќе добие нов музички портал

Македонија конечно ќе добие нов музички портал кој ќе ги поддржи македонските артисти во промовирањето на своите квалитетни дела.

 

 

Музичкиот портал „Музика 24“ деновиве комплетно се ребрендира. Според фотографијата до која дојде ТВ Пакет, порталот полека го добива финалниот изглед, а на него освен македонска ќе има балканска и светска сцена. Порталот е вистински ривал на веќе познатите МММ и РадиоМК. Новата верзија на порталот освен проширените содржини и модерниот дизајн ќе има и топ листа како и наградни игри.

Промоцијата на порталот Музика 24 овој пат ќе ја води веќе докажаниот промотер Гоце Маневски, најдобриот промотер на Македонија за 2011. година.

 

 

Тимот на ТВ Пакет им посакува успех и многу нови талентирани музичари кои јавноста ќе ги запознае токму преку овој портал. Македонија има квалитетна музика која треба достоинствено да се промовира.

 

 

 

Автор | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фидбек Бенд“ со музичко освежување пред почетокот на летото

Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд“ ја објави својата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!