Почетна / Забава / Македонија дел од официјалната реклама за Часот на планетата Земја

Македонија дел од официјалната реклама за Часот на планетата Земја

 

СРЕДА, 21 ЈАНУАРИ, 2015: Како што започнува одбројувањето за најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја, тимот на ова светско движење денеска официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања во кое за првпат се појавуваат и инсерти од Македонија!

 

 

Две минутното видео во кое главна музичка тема е интернационалниот хит “Pompeii” на британскиот бенд “Bastille” ја прикажува потребата да се променат климатските промени со моќта која ја поседува секој од нас.
– „Ние сме првата генерација која го чувствува влијанието од климатските промени, и последната генерација која може да го промени тоа!“ – вели американскиот претседател Барак Обама во видео рекламата.

Поради актуелноста и успешноста на акцијата Часот на планетата Земја минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет, а истото можете да го видите во 58-та секунда од видеото. Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Македонија оваа година во акцијата ќе се вклучи по шести пат.

– „Навистина сум среќен поради големата успешност на Часот на планетата Земја во Македонија и ме радува тоа што глобалниот тим ја препозна нашата ангажираност и реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето на плоштадот во Скопје во видео рекламата која ја гледа целиот свет!“ – додава Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Од македонската организација најавуваат повеќе детали за акцијата во периодот кој следува, а сите нови информации можете да ги следите на Фејсбук страницата Earth Hour Macedonia (https://www.facebook.com/earthhourmk).
Оваа година, Часот на планетата Земја се одржува на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 7.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.
Во продолжение погледнете ја официјалната видео реклама:

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!