Почетна / Забава / Маестралниот Дино Мерлин во четврток на прес во Скопје

Маестралниот Дино Мерлин во четврток на прес во Скопје

 

Босанскиот кантавтор, најпопуларниот музичар во моментов во регионот, балканскиот волшебник и неговиот „ХОТЕЛ НАЦИОНАЛ“ со кој што ја освои и територијата на САД, на 28 март ќе одржи концерт  и во спортскиот центар Борис Трајковски. 

По тој повод, во четврток на 19 февруари со почеток во 13.00 часот, на приземјето во Ramstore Mall , Мерлин ќе се појави на прес конференција за да лично одговори на сите прашања на македонските новинари.

 

 

Дино Мерлин по Љубљана и во Скопје концертно ќе го промовира својот најнов албум. 11 песни 80 градови – е најавата со која Мерлин руши концертни рекорди. Љубљанскиот концерт беше распродаден за само два дена. Па поучен од искуството кое што таму го сподели со словенечката публика, одлучи истиот рецепт да го примени и овде.

Доаѓа со аудио и визуелна опрема по најнови светски стандарди за да новите 11 песни под името „Хотел Национал“ македонската публика ги доживее онака како што наумил Мерлин.

 Со македонската публика, Дино одамна има изградено цврста врска. Досега неколкупати се слушаше звукот на Мерлин од концертите сали во Македонија. Овојпат ни доаѓа со за нијанса позрел звук. На репертоарот освен веќе популарните „Хотел Национал“, „Школка“, „Ружа“, „Ундо“…ќе се најдат и старите хитовите кои што Дино Мерлин години наназад го држат на тронот.

Она што овој концерт и ова доаѓање на Мерлин во Скопје, го прават поинакво од сите досегашни е хуманитарниот карактер на концертот. Без оглед на продадените влезници, Дино Мерлин еднократно ќе донира 300.000 денари на Интензивната нега на Детската клиника во Скопје.

 Влезниците за концертот, по цена од 900 денари (партер стоење) и 1200 денари (трибина седење) се пуштени во продажба на стандардните продажни места: Камарад – Рамстор, цвеќара Розе Веро 2, салоните на One Телеком Словенија, продажната мрежа на МКТикетс, Југотон, Тобако МПМ Прес како и низ локални кафулиња и киосци во останатите градови на Р.Македонија.

Почеток на концертот е закажан за 21 часот.

11 нови песни, 1 човек, 80 градови…меѓу нив и Скопје!!!

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …