Почетна / Забава / Евровизија / Лоша прогноза – последно место за Сан Марино на Евросонг

Лоша прогноза – последно место за Сан Марино на Евросонг

 

Serhat – I Didn’t Know (Сан Марино)

 

Сан Марино важи за една од помалите и најнеуспешни земји на Евровизија. Своето деби го имаше во 2008 година а дури во 2013 година за прв пат успеа да се пласира во финале.

 

 

Како и сите изданија досега, така и годинава Сан Марино решава својот претставник да го одбере преку интерен избор. На 12 јануари СМРТВ изјави дека интерно е одбран Турскиот пејач Серхат како нивен претставник на Евровизија. Авторот на песните има веќе неколку пати искуство со Евровизија, а за оваа нумера се снимани и италијанска, англиска и француска везија.

 

Ahmet Serhat Hacıpaşalıoğlu има 51 години и е турски пејач, продуцент и водител. Роден и живее во Истанбул каде што својата кариера ја започнува основајќи своја продукциска компанија во 1994 година. Истата година започнува да продуцира и води свое квиз шоу, а веќе во 1997 го објавува својот прв сингл. Има неколку синглови на француски и германски јазик. Од 2014 година тој почнува да работи во Франција и Германија.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!