Почетна / Телевизија / Летни детски серии на Сител телевизија

Летни детски серии на Сител телевизија

Ова лето на програмата на Сител телевизија ќе се емитуваат неколку детски цртани и играни серии. 

понеделник – петок :
09:40 – Камиончето Чак – анимирана синхронизирана серија
09:55 – Кралот Леон – анимирана синхронизирана серија
10:00 – Акаемија за танц – детска играна серија
23:45 – Летна љубов – тинејџерска играна серија

Минатиот понеделник започна австралиската серија “Академија за танц” (Dance academy) наменета за деца и тинејџери, која на Сител ќе се емитува во 52 продолжија, односно првите две сезони. Насловната тема “My Chance” е изведена од The White Rhinos.
Главниот лик во оваа серија е петнаесетгодишната Тара Вебстер која пораснала на една австралиска фарма, сонувајќи еден ден да стане балерина и да студира на Државната академија за танц во Сиднеј. Нејзиниот сон се остварува кога и стигнува писмо дека ги поминала аудициите и дека е примена на школата. Но не е само љубовта кон балетот она што ја прави Академијата за танц на која ќе се запише Тара. Тука се напорните тренинзи и сплетките меѓу соучениците, но тука се и големите пријателства и големата љубов за Тара.

Слика

Од понеделник започнува уште една тинејџерска серија. Овојпат се работи за француската драма “Летна љубов” (Cœur Océan), снимена во 148 епизоди во времетраење од 25 минути. Серијата на Сител ќе се емитува од понеделник до петок во 23:45 часот, веднаш по вечерниот дневник. 

Алекс, Матео и Пјер се тројца другари кои летниот одмор го поминуваат на еден остров. Нивниот одмор се состои од лежење на плажа, сончање, журкање на плажа, заведување убави девојки и лудување. Нивниот одмор го одбележува доаѓањето на Дафне и Синтија, две братучетки кои се дојдени на одмор на островот. Нивната убавина ги привлекува тројцата другари, па така Пјер се заљубува во Дафне. Но работите се комплицираат, затоа што таа се вљубува во неговиот полубрат Стефан. Од друга страна, Синтија не може да се одлучи меѓу Алекс и Матео, но на крајот сепак го бира Алекс. 

Слика

Наскоро започнуваат и новите епизоди на викенд цртаните серии “Ангелина Балерина” и “Мрзливиот град”. За време на викендите се емитува и синхронизираната детска серија “Куќата на Анубис”.

 

Даниела П.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува мониторингот на медиумското известување за изборите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од утре започнува со мониторинг на изборното медиумско …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!