Почетна / Забава / Кралот на латино поп музиката, Енрике Иглесиас, доаѓа во Скопје

Кралот на латино поп музиката, Енрике Иглесиас, доаѓа во Скопје

 

Авалон продукција продолжува со објавата на големи и значајни музички настани оваа сезона во Македонија. Во рамки на историскиото концертно лето во Македонија, ќе се случи еден концерт којшто навистина со право ги носи префиксите Историски и Суперексклузивен.

 

 

Концертот на Enrique Iglesias во Скопје кој ќе се одржи на 20 јуни во СЦ „Борис Трајковски“ е историски, затоа што за прв пат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Enrique во последниве десетина години настапувал низ светот.

Цените на влезниците за овој концерт ќе бидат прилагодени според македонскиот пазар и сите детали околу нив ќе бидат објавени во петок во 19 часот.

Шпанскиот заводник во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“…, кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.

Enrique Iglesias планетарната слава ја доживува со плочата „Enrique“ четири години подоцна, додека следните албуми „Escape“, „Quizas“ и „Insomniac“ дополнително му ја зацврстија позицијата како еден од водечките пејачи на светската сцена. Кралот на латино поп музиката, како што медиумите го нарекуваат Enrique, продал над 140 милиони албуми ширум светот, а исто така тој е еден од ретките изведувачи, чиј хит сингл „Bailando“ има преку милијарда прегледи на Јутјуб, кој му обезбеди и место во Гинисовата книга на рекордите.

Iglesias е единствениот музички артист кој дури 13 пати бил на првото место на „Bilboard dance“ листата, а соработувал и со бројни светски ѕвезди и освоил значајни награди, меѓу кои и: „Grammy“, „Bilboard“, „American music award“.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!