Почетна / Забава / Кој се обиде да го заузда Зоки Фаци?

Кој се обиде да го заузда Зоки Фаци?

 

По повод отворањето на ноќниот клуб „Театро“, ПР менаџерот Зоран Василевски ќе се појави на 25 билборди низ градот со особено интересна содржина.

 

 

Имено, тој ја започнува својата Револуција на љубовта (Revolution ov love) така што на фотосесиите носи узда од коњ и е фотографиран заедно со арапскиот коњ Паша од ергелата Сонце во Скопје. Билбордите ќе бидат поставени со цел промоција на отворањето на ноќниот клуб. Фотографиите го симболизираат правото на говор на секој поединец, сопственото мислење и сопствениот живот.

– „Коњот е симбол на убавина, дивина, слобода. Колку и да е кроток ако му ја симнеш уздата ќе побегне на слобода. Никој никого не може да заузда колку и да сака, слободата е скапа и не се купува со ништо“, изјави тој за ТВ Пакет.

Наскоро со подетални информации околу отворањето на клубот.

{gallery}102013/zoki-konj{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Gabby G ги отпеа „Македонско девојче“ и песна на Тоше

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, …