Почетна / Забава / Кои други го поддржаа Часот на планетата Земја?

Кои други го поддржаа Часот на планетата Земја?

 

Се повеќе познати личности од Македонија и регионот, оваа година ќе ја поддржат акцијата Часот на планетата Земја во Македонија, и ќе ги исклучат светилките на 29 март во 20:30 часот.

 

 

Минатата недела објавивме дека во акцијата се вклучуваат водителот Димитар Атанасовски и танчерката Јована Василева, професорката Татјана Алексиќ, водителката Снеже Велков, пејачот Зоран Рудан Цеки, моторџијата Ленин Јовановски и докторката Татјана Гуржанова.

Оваа недела, во Часот на планетата Земја официјално се вклучуваат и познати лица од регионот. Х-Фактор ѕвездата Армин Маликиќ ве повикува да ги исклучите светилките на 29.03 во 20:30 часот, а во неговата порака за акција се приклучуваат и познатата новинарка од тв-магазинот „Бекстејџ“ Марија Петровска и актерката Весна Петрушевска.
Биди промената која сакаш да ја видиш во светот, вели Марија Петровска, додека Весна Петрушевска додава да ја спасиме планетата Земја со тоа што ќе ги исклучиме светилките во период од еден час.

 

 

– “Во македонската кампања за Часот на планетата Земја оваа година се вклучија 13 познати личности, денес официјално ја промовиравме видео пораката на 9-тиот медиумски амбасадор, тоа е актерката Весна Петрушевска, и до крајот на неделата, ќе најавиме уште четири медиумски личности кои ќе ги исклучат светилките за Часот на планетата Земја. Во понеделник ќе биде финализирана кампањата, со официјално претставување на главното видео за акцијата во Македонија, во кое освен познати личности се појавуваат и граѓаните, кои ја даваат својата поддршка за акцијата.“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на Часот на планетата Земја во Македонија.

 

 

Во акцијата се вклучуваат Министерството за животна средина и просторно планирање, како официјален координатор за климатски промени во Македонија, а втора година по ред, Црвениот Крст на Република Македонија преку сите 34 општински организации и Црвениот Крст на град Скопје, ќе ја обединат својата моќ со Часот на планетата Земја и ќе ја покажат симболиката на најголемата светска волонтерска акција. Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 154 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 со емисија за отворањето на штипско „Angels cafe“

Во недела (8ми септември) во 17.45 часот на телевизија 24 ќе се прикажува новото издание …