Почетна / МК Сцена / Каролина со концерти во Охрид и во Битола

Каролина со концерти во Охрид и во Битола

 

Каролина со проектот „Македонско девојче“, на големи концерти во античките театри во Битола и Охрид – ова лето!

 

 

Македонската ѕвезда Каролина Гочева ова лето ќе одржи концерти во античките театри во Охрид и родната Битола откако во февруари одржа маратонски шест концерти во Скопје кои потполно беа распродадени, посетени и пофалени од критиката и публиката. И на тие концерти ќе се изведат сите песни од проектот „Македонско девојче 2“, од првото македонско девојче, како и народни песни.

Во античкиот театар Хераклеа во Битола, Каролина ќе одржи два концерти – на 24-ти и 26-ти јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25-ти јули. Влезниците за трите концерти, во продажба ќе бидат пуштени од понеделник 7-ми април, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и online на www.kupikartizase.com по следните цени и категории:

Битола – ТРИБИНА 300,оо денари;
Охрид – ТРИБИНА-седење 400,оо денари/ ПАРТЕР 300,оо денари;
 
Ова лето ќе се одржат и други концерти во други градови кои имаат за цел да го доближат новиот македонски етно звук до македонските слушатели, а каде и кога ќе се одржат другите концерти, ќе ве информираме во следниот период. Дека новиот албум наидува на голема слушаност и популарност говори тоа што песните веќе ги знаат од најмладо до најстаро, училишните хорови одбираат песни од албумот за училишни прослави, на сите македонски радија и во кафеани постојано се слуша „Смеј ми се смеј“, „Кој да ми запее“, „Вези вези’ или „Ако згрешам нека изгорам“, едноставно најновиот албум допре до секого.
 
Во продолжение, слушнете два детски хора кои ја изведуваат веќе легендарната „Две лири“:

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билети за концертите на Ерос и Адамс и во Avalon ticket shop

Билетите за концертот на Eros Ramazzotti како и за концертот на Bryan Adams ќе може …