Почетна / Сапуници / Инфо | „Црната роза“ оди на пауза, вечерва последна епизода

Инфо | „Црната роза“ оди на пауза, вечерва последна епизода

 

Крај на сезоната за “Црната роза”, од есен последната сезона

 

Вечерва на Сител телевизија во 21.45 часот ќе се емитува последната епизода за оваа сезона на турската серија “Црната роза”.

 

 

Новите случувања од приказната за проколнатиот конак и тажните судбини на луѓето во него со емитување на Сител ќе започнат од септември, а дотогаш гледачите во истиот термин ќе пратат нова надсинхронизирана новела, италијанската сага “Тоскана”.

 

 

Последната епизода од оваа сезона ќе навести нова бура на трагедии и пресврти во “Црната роза”. Долгочуваната тајна за синот на розата е на чекор до откривање, но како таа вистина ќе биде прифатена? Ќе може ли да се прости и да се продолжи понатаму? Ќе пречи ли откритието на некој што сака конците да ги држи во свои раце? Кобните грешки од минатото ќе мора да се платат.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија, Бугарија и Албанија не се репризираат турски серии преку ден

За разлика од нас каде турските серии се репризираат во дневни термини, во земјите од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!