Почетна / Телевизија / Импресивно музичко доживување со македонското девојче на МТВ 1

Импресивно музичко доживување со македонското девојче на МТВ 1

Концерт на Каролина Гочева во недела (29 јули) на МТВ 1

 

Импресивно музичко доживување и концерт за паметење. По премиерното телевизиско емитување на концертот на Каролина Гочева за новиот музички проект “Извор”, МТВ 1 предпразнично ќе го емитува и претходниот концерт од серијалот автентични музички концерти за албуми на македонскиот супербренд Каролина.

Недела, 29 јули во 20.40 часот на првиот канал на МТВ следува потсетување на сите нумери од албумот „Македонско девојче 2“, а покрај нив на репертоарот се и нумери од албумот „Македонско девојче 1“  како и неколку безвременски, антологиски песни од  пребогатата македонска фолклорна ризница.

Автор на музиката и аранжманите на нумерите застапени на албумот „Македонско девојче 2“ е Николче Мицевски, автори на текстовите се Валентин Соклевски и Весна Малинова. Уживајте во звуците на Чалгиска, Две лири, Ружо Ружица, Птицо малечка само со Каролина и нејзиниот бенд. Ова е само загревање за престојните летни концерти на Гочева во Охрид и Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!