Почетна / Телевизија / Х Фактор / Илма ја проколна Емина, си го покажа своето лице!

Илма ја проколна Емина, си го покажа своето лице!

 

Славата толку силно удри во главата на најмладата учесничка во „Х-Фактор“ што таа повеќе не знае што зборува. Но, да ни се живи и здрави менторите, односно судиите кои вчера ставија крај на приказната за Илма Карахмет, ова девојче одамна требаше да го напушти шоуто!

 

 

Многу прашина се крена денеска околу исфрлањето на младата Илма Карахмет од натпреварот „Х-Фактор“, а учесничката и понатаму не може да се помири со фактот дека таа повеќе не е дел од шоуто. Откако гласот на Емина пресуди во двобојот меѓу Маид и Илма, пејачката одлучи да напише охрабрувачки статус за Илма на својот Фејсбук профил, но доби таков одговор што не ни сонуваше!

 

Емина и упати зборови на Илма и се обиде да ја вразуми дека сеуште е млада за да прави пари од својот талент, на што учесничката не остана должна.

– „Фала ти Емина, имаш деца и дај Боже да те усреќат како што ти ме усреќи мене“, напиша младата пејачка.

 

 

Од синоќа на социјалните мрежи се појавија многу групи кои бараат Илма да се врати во финалето, пораката која девојката и ја остави на Емина можеби не е напишана со злобна намера, но секако дека така звучеше. Ова не е прв инцидент во текот на „Х-Фактор“, со оглед на тоа дека дури и судиите често влегуваа во меѓусебни конфликти, а вчеравечер и Славко Калезиќ сакаше да физички да се пресмета со Ана Михајловски.

 

Кристина Ковач на својот Фејсбук профил коментираше дека засега добро поминала, не може да верува оти дете може да колне други деца.

извор: Blic.rs

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

error: Содржината е заштитена!