Почетна / Телевизија / Х Фактор / Илма прва, Даниел сепак меѓу фаворитите???

Илма прва, Даниел сепак меѓу фаворитите???

 

По информацијата дека Даниел Кајмакоски според бројот на гласови е прв во првите 2 емисии на Икс Фактор, се обидовме да добиеме информација дали сето тоа е точно.

 

 

Информациите до кои ние дојдовме е дека сепак според бројот на гласовите во првите две емисии главни фаворити за победа се Илма Карахмет, Доктори, Даниел Кајмакоски и Лукијан Ивановиќ. Какво било рангирањето сепак не успеавме да дознаеме, но информацијата која беше објавена дека Даниел е апсолутен фаворит е сепак неточна. Според тоа што ние неофицијално го дознавме е дека Илма или Лукијан билe први.

 

 

Како што можете да видите Македонците ќе мора многу повеќе да гласаат за нашите фаворити бидејќи несомнено кај нас Даниел е фаворит број еден. Очигледно веста која се појави дека Даниел е прв е само за да му се наштети и гледачите да гласаат во што помал број во наредните емисии.

UPDATE:

Тоа што го дознaваме од нашите колеги во Србија е дека погрешната информација за гласовите на Икс Фактор ја пласирале некои од босанските медиуми.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …