Почетна / Сапуници / Зошто гледачите сакаат синхронизација на турски, а не на шпански серии?

Зошто гледачите сакаат синхронизација на турски, а не на шпански серии?

 

Телевизиите продолжуваат со синхронизации на шпански серии

 

Надсинхронизацијата на играната програма на македонските телевизии започна во август 2011 година кога А1 телевизија реши да ја синхронизира на македонски јазик латиноамериканската теленовела “Заклетва”. Генерациите кои растеа со овој вид на телевизиска програма останаа шокирани од ваквиот потег и бурно реагираа по интернет форумите и социјалните мрежи. И покрај тоа, А1 телевизија продолжи со синхронизација на “шпанските” серии, но не за долго. Следната “Дон Жуан” наиде на мал одзив на прифаќање кај гледачите, па челниците од А1 беа приморани да го вратат титлот на ваквите серии.

 

 

Синхронизаицјата на тие серии се обидоа да ја воведат и Сител и Алфа со синхронизација на серии како мексиканската “Магична привлечност”, колумбиската “Картел” и бразилската “Авенија Бразил”. Очигледно истата не беше прифатена од гледачите и по некој период беше тргната, а сериите продолжија со емитување со титл.

За разлика од турските серии чија синхронизација на големо беше прифатена од македонскиот народ, синхронизацијата на латиноамериканските и американските серии беше одбиена и затоа големите телевизии решија никогаш повеќе да не продолжат со синхронизација на таа програма.

 

 

Самиот менталитет на западниот свет, начинот на говорење, облекување и однесување воопшто не наликува на нашиот или турскиот, па затоа и не може истите да се доближат блиску до гледачот со надсинхронизација.

Деновиве на новите регионални телевизии низ градовите ширум земјава започна со емитување нова шпанска серија, “Клетници”, синхронизирана на македонски јазик. По низа турски серии на регионалните телевизии, на гледачите не им е јасно зошто новата серија мора да биде надсинхронизирана, кога се покажа ефектот на синхронизираните шпански кај гледачите. Љубителите на латиноамериканскиот мелос, глумци, глумици и динамика на дејство се согласни дека ваквите серии сакаат да ги гледаат со титл, онака како што беа емитувани 15 години во земјава, од Касандра, Есмералда, Млади бунтовници, Дивиот ангел, Клон и сите останати.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!