Почетна / Сапуници / Знаевте ли дека новата Хурем веќе ја гледате на Сител?

Знаевте ли дека новата Хурем веќе ја гледате на Сител?

 

Турската актерка Вахиде Гордум која ќе ја гледаме како новата Хурем во серијата „Величествениот“, се изборила со најтешката болет. „Тешко ми беше кога ја изгубив косата, но не сакав да носам перика. Ќелавата глава беше моја порака до другите жени дека сме посилни од се“, вели Вахиде. Гледачите на Сител веќе добро ја познаваат оваа актерка како Зејнеп од серијата „Солзите на мојата ќерка“.

 

 

Турската актерка се разболела во 2011. година. Иако на колегите од серијата „И го дадов името Фериха“ најпрво сакала да им ја скрие болеста, сепак им се доверила кога сфатила дека ќе мора да отсуствува од работа. „Колегите од серијата постојано ме бараа на телефон и ме охрабруваа. Дури ми нудеа и превоз до болницата. Кога останав без коса ме насмеаја до солзи велејќи дека личам како женски Yul Brynner, покоен американски актер со руско потекло кој глумеше фараон во филмот Десет заповеди“, изјави Вахиде.

 

 

Актерката шест месеци одела на зрачење и хемотерапија, а најголема поддршка во процесот на оздравувањето и биле нејзиниот сопруг, актерот Алтан Гордум (54) и нивната ќерка Ализе (19). Новата Хурем особено ја трогнале младите колешки кои во најтешките моменти и ја враќале насмевката на лицето.

„Кога имаш само 21 година како девојките со кои глумев, не сакаш да се заморуваш со мрачни мисли. Знаев дека имаат големо срце и добра душа кога ме викнаа и плачејќи ми кажаа дека едвај чекаат да се вратам на сет“, се присетува Вахиде. Веднаш кога и кажале дека ракот на дојката се повлекол, актерката тргнала на аудиција за нова улога. Една година потоа ја снимила серијата „Mehraba Hayat“ и филмот „Ayhan Hanim: Levent Semerci“.

„Не можам да си го замислам животот без глума. Таа работа ме исполнува и ме прави среќна“, заклучува Вахиде, која дипломирала театарска уметност во Турција. На телевизија дебитирала во 2003. година со серијата „Приказна за Истанбул“. Критирачите и филмоманите веднаш ја прогласија за актерка на годината во Турција во 2007. и 2008. година.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгответе се – старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо …