Почетна / Сапуници / „Зет – Домазет“ наскоро на Сител телевизија

„Зет – Домазет“ наскоро на Сител телевизија

„Зет – домазет“ е турска серија која била многу гледана во Грција поради тоа што зборува за врска помеѓу Грк и Турчинка и сите традиции и проблеми кои се јавуваат во брак помеѓу двајца од различни земји. Освен турска, во серијата може да се слушне и грчка музика, а снимана е во Истанбул, Бодрум, Газиантеп, но исто така и во Атина и на грчкиот остров Суми.

 

Содржина:
Назли е убава и млада девојка, ќерка на конзервативниот Караман, познат мајстор за баклава во Газиантеп. Назли живее и со нејзиниот дедо Мемик Деде, познат војник во турско грчката војна, нејзината мајка Фериде, сестрата Назира и братчето Мустафаџан. Нико пак е син на Елени и Стевро, богат сопственик на брод кои имигрирале во Грција од Истанбул. Случајно во Бодрум се запознаваат Назли и Нико, се вљубуваат еден во друг и решаваат да се венчаат. Проблемите настануваат кога Нико оди да ја побара раката на Назли од нејзиното семејство. Семејството на Назли не сака таа да се омажи со Нико затоа што отсекогаш постоеле лоши односи помеѓу Грците и Турците, па не сакаат да се меша со тој народ. Но по некое време, семејствата се согласуваат на тој брак и Назли и Нико се венчаат. Започнуваат да живеат во Истанбул и го добиваат својот син Еге. Семејствата на Нико и Назли постепено започнуваат да се зближуваат и да се посетуваат, а по Нико и Назли се појавуваат и други турско грчки љубовни врски. Тетката на Нико започнува врска со турчин, секретарката на Нико започнува љубовна врска со пријател на Караман, а дедото на Назли и бабата на Нико исто така се вљубуваат еден во друг.

Улоги: Nehir Erdoğan (Назли), Özgür Çevik (Нико), Erdal Özyağcılar (Караман), Sumru Yavrucuk (Фериде), Mazlum Kiper (Ставро), Ayla Karaca (Елени), Arif Erkin Güzelbeyoğlu (Мемик Деде), Tülin Oral (Еуталија)

Број на епизоди: 106

 

 

 

 

Beauty | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!