Почетна / МК Сцена / Згоден Македонец заштитно лице во Албанија

Згоден Македонец заштитно лице во Албанија

 

Македонскиот модел од модната агенција „Моделс ИН“, Иван Наунов, во соработка со Решад Османи од „Стратан продукција“ сними фотосесија со којашто ќе се презентира пред албанската публика.

 

Иван Наунов, дел од македонската модна агенција „Моделс ИН“ во соработка со Решад Османи од „Стратан продукција“ направи фотосесија со која ќе се презентира пред албанската публика.

– „Испративме неколку аматерски фотографии на конкурс за заштитно лице за голема компанија во Албанија, Иван влезе во потесниот круг па од нас побараа да направиме професионална фотосесија. Мислам дека одлично излезе и искрено се надевам дека Иван ќе успее да победи на изборот, негови ривали се веќе добропознати албански модели“, вели Решад Османи.

 

 

Иван Наунов потекнува од Приштина, а веќе долго време живее во Скопје. Досега во Македонија беше ангажиран за разни каталози, а неговиот талент и фотогеничност наскоро ќе може да се види низ целиот Балкан бидејќи производите од компанијата се веќе достапни насекаде.

– „Искрено многу сум задоволен од професионалниот пристап на Решад. Ми беше задоволство да работам со него. За изборот останува да видиме, според правилата пријавен сум под шифра за да нема пристрасност, па ќе видиме како ќе се одвиваат настаните. Патем сакам да се заблагодарам на сите што ме следат на Фејсбук, нивната поддршка ми дава мотив и енергија за нови успеси. Однапред се извинувам за лажните профили, за жал секој ден се појавуваат нови. Сепак сите што сакаат да ме следат, тоа можат да го направат на Фејсбук профил, вели Иван Наунов.

„Стратан продукција“ останува отворена за соработка со сите, доколку некој сака да направи професионална фотосесија ќе треба да се обрати на нивната страница (www.fb.com/stratanproduction).

Воедно, од продукција известуваат дека за кратко време на нивната страница ќе може да се погледнат фотосесии со познати личности од македонската и албанската естрада.

 

{gallery}062013/ivan-naunov{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Популарниот водител Стефан најавува летен музички хит

Оваа недела (18 август), точно во 17 часот ќе биде промовиран видео записот за првата …