Почетна / Забава / Есмералда призна дека шмркала кокаин

Есмералда призна дека шмркала кокаин

 

Се сеќавате ли на латиноамериканската сапуница „Еснералда“ и актерката Летисија Калдерон која го играше главниот лик во серијата? Сега 45-годишната актерка открива дека во најуспешните моменти од својата кариера се навлекла на кокаин, пренесува српскиот Телеграф.

 

 

„Бев млада, на врвот од кариерата, полна со пари и се ми беше достапно. Непромисленоста и лудоста за малку ќе ги платев со животот. Шмркав кокаин, а во тоа ме навлекоа долгогодишните пријатели“, изјави Летисија, која одлучила да престане да се дрогира кога една од нејзините најдобри пријателки и умрела на рацете, откако заедно земале дрога. Додаде дека процесот на одвикнување бил особено тежок, како и оти долго се борела со депресијата.

„Среќна сум што таа ноќна мора е зад мене. Дрогата е зло кое уништува животи. Затоа не треба да се молчи за тоа, туку треба да се едуцираат луѓето и да се предупредат за сите опасности на порокот“, порачува ѕвездата од серијата „Есмералда“.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранде Масимо Савиќ во Филхармонија со „The best of“ програма

По три години пауза, најквалитетниот пејач на Балканот, без конкуренција, Масимо Савиќ и еден од …

error: Содржината е заштитена!