Почетна / Живот / Ед Стафорд продолжува со нови совети за преживување во дивина

Ед Стафорд продолжува со нови совети за преживување во дивина

 

 „Сам на светот – со Ед Стафорд“ од 19 јуни во 21 часот на Дискавери

 

Првиот човек кој го испешачи Амазон од неговиот извор до точката каде се влева во Атлантскиот океан, се враќа на Дискавери со нов предизвик. Новата сезона на серијалот „Сам на светот- со Ед Стафорд“ започнува на 19 јуни во 21 часот. Во секоја од шесте епизоди, Ед заминува десет дена на локација на која ако немате никакво искуство на преживување во дивина, може да го изгубите животот за неколку часа. Овој предизвик е поинаков од претходните бидејќи тој со себе има само камера и пар пантолони. Преживување без храна, вода, дури и без нож.

 


 

Гватемала, Намбија, Норвешка, Филипини, Патагонија и во Монголија ќе помине по десет дена за да докаже дека може да ја совлада природата само со една камера. Пустината Гоби во Монголија, ќе се покаже како најтежок предизвик ако се земе во предвид дека само еден еж го спаси да не умре од глад.

Ед Стафорд ве советува што треба прво да направите ако се изгубите во дивина:

„Застанете. Оној момент кога ќе сфатите дека сте изгубени, седнете и длабоко вдишете. Последната работа која сакате да ја направите е да погодувате каде се наоѓате и да тргнете во непознат правец. Кога ќе се смирите, прво што треба да направите е да истражите неколку различни правци и да побарате некоја позната точка која може да ви помогне. Полека но сигурно составувајте ги коцките за она што го знаете и на тој начин повратете ја контролата над ситуацијата.

 


 

Големи се шансите дека по неколку обиди ќе го пронајдете вистинскиот пат. Добрата работа кај оваа метода е што по неколку обиди во различни правци ако не го откриете вистинскиот пат, ќе откриете работи кои ќе ви помогнат да преживеете, како извор питка вода, засолниште или храна. Сите овие информации може да бидат од пресудна важност ако се најдете во ваква ситуација подолг период.“

Како да знаете дали водата е питка:

„Секој извор кој извира директно од земјата, најверојатно е чист бидејќи поминал преку филтрација преку карпи, камења и земја. Во недостаток од ваков извор, барајте вода што брзо тече и е чиста. При консумација на вода од река, секогаш постои одредена доза на ризик- никогаш не знаете дали по течението има изгинато некое животно и на тој начин ја има контаминирано водата.“

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново дело за жанрот крими-драма преку филмoт „Се викам Слобода“

Во издание на ЈОУ градска библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија деновиве излезе од печат теориското …