Почетна / Живот / Една година од смртта на Ејми Вајнхаус

Една година од смртта на Ејми Вајнхаус

Пред точно една година, на 23. јули 2011., телото на Ејми Вајнхаус беше пронајдено без живот во нејзиниот стан во Лондон. Моќниот глас што за неколку години и изгради блескава кариера, засекогаш згасна.

 

Ејми имаше 27 години кога почина, и без оглед на тоа што нејзината фамилија и пријателите се плашеа дека начинот на живот што го водеше ќе ја доведе до смрт, тоа нималку не го намали шокот кога навистина се случи. Блиските на Вајнхаус тврдат дека неколку месеци пред да почине била постојано трезна и се фокусирала на работата околу новиот албум. Сепак, токсиколошките анализи го потврдија спротивното.

За жал, никогаш нема да дознаеме како требало да звучи новиот албум на Ејми, наследникот на брилијантното издание Back to Black. Минатата година постхумно е објавен албумот Lioness: Hidden Treasures, со две нови песни.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реновирано живеалиштето за кенгури во Скопската зоолошка

Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед. ‘ Благодарение на донацијата …