Почетна / МК Сцена / Еве што му се случи на татко му на Даниел Кајмакоски

Еве што му се случи на татко му на Даниел Кајмакоски

 

Додека Даниел Кајмакоски е во центарот на вниманието низ екс-ЈУ просторите, неговиот татко и сето она што му се случуваше изминативе денови беше главна тема кај медиумите во Унгарија.

 

 

Имено, македонскиот пејач Павле Кајмакоски поради своите музички активности мораше да допатува во Македонија, но сето она што го доживеа на патот кон нашата држава наликува на филмска приказна.

 

 

Неговиот автомобил бил украден во Виена ноќта пред да тргне за Скопје. Истрауматизираниот пејач го пријавил случајот кај Австриските власти кои го информирале дека неговиот автомобил е во движење. Веднаш потоа тие добиле информација дека возилото кое било управувано од крадците удрило во пешачко островце во Унгарија при што бандата крадци се веднаш уапсени. „Фоксвагенот“ е украден од банда која претходно е барана од Австриската полиција за други злодела.

 

 

Павле Кајмакоски морал својот пат да го продолжи со автобус, а веста за украдениот автомобил осамна на сите насловни страници во Унгарија, секако, не поради популарноста на ова семејство во таа држава туку поради големите криминалци коишто конечно беа фатени благодарение на оваа немила случка.

 

 

Инаку, Павле Кајмакоски е македонски пејач кој долги години пее македонска музика, односно човекот од кој Даниел Кајмакоски го наследил својот музички талент. Во прилог е еден негов настап на „Гоце Фест“.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!