Почетна / Серии / Домаќинките се дистанцираа од Сузан. Не ја сакаат!

Домаќинките се дистанцираа од Сузан. Не ја сакаат!

 

Во популарната серија “Очајни домаќинки” на која после осум сезони и дојде крајот, актерката Тери Хатчер е најдобра пријателка со Ева Лонгорија, Марша Крос, Фелисити Хауфман и Ванеса Вилијамс, но во реалниот живот нивниот однос е далеку од пријателски.

 

 

Имено, веќе две години се шушка дека Хатчер не се дружи со колешките надвор од сетот, а причината за тоа е наводната расправија што се случила пред две години и за која деталите сеуште не се познати.

Ева, Марша, Фелисити и Ванеса поради тоа одлучија да ја прескокнат Тери од подарокот за збогување што тие заедно го купија за снимателите, асистентите и останатите членови на екипата. На честитката која беше ставена веднаш до подарокот не се најде потписот на Тери.

 

 

“Имајте на ум дека на секоја ваша следна авантура со себе ќе носите дел од нашата љубов и благодарност. Фала ви за осумте магични години. Со љубов Ева, Марша, Фелисити и Ванеса”, напишаа актерките. 

А дека четирите актерки влегоа во конфликт со Хатчер, потврди и еден член на продукцискиот тим на серијата. “Девојките не се согласуваат со Тери па затоа купувањето на подарокот го организираа без неа”, рече изворот.

 

 

Тука се и заедничките фотографии од последните денови на сетот на коишто Хатчер не се појавува. Таа е присутна само на последната фотосесија каде трите домаќинки за последен пат мораа да застанат до нивната некогашна добра пријателка и да блеснат како што само тие умеат. Сепак, тоа го сторија со блага дистанца. Последната епизода на “Desperate Housewives” во Америка ќе биде емитувана на 13-ти мај.

 

 




Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …