Почетна / Телевизија / „Домаќине, ожени се“ на Алфа телевизија

„Домаќине, ожени се“ на Алфа телевизија

 

Српското реално шоу “Домаќине, ожени се” на Алфа телевизија

Откако стана национална, главен адут на Алфа станаа српските емисии. Се редат една по друга,увезени од сите српски телевизии. Освен српските реални шоуа, Алфа почна да прикажува и српски документарни емисии за викенд и српски филмови секоја недела во 21 часот. Поради многуте српски емисии, од утре од програмската шема изненадно ги нема сериите “Фолк” и “Амбис на љубовта”, која досега беше неколку пати укинувана, враќана во програмата и преместувана во најразлични термини. 

Слика

Емисијата “Домаќине, ожени се!” се дава секој работен ден од 19.30 часот, а има за цел на вредните домаќини и селани од Србија да им помогне да ја најдат љубовта на својот живот. Романсата на село може да започне! Домаќините се спремни, нивните фарми исто така, останува да дојде жената која ќе го смени животот на нашите домаќини. Учесници се десет селани, кои во своето село не може да најдат жена за себе, што поради обврските што го имаат што поради малиот број на жени останати во селото. Девојките доаѓаат од град, најпрво домаќинот бира пет, потоа остануваат две кои ќе мора да живеат со него на фармата и на крајот он ја бира вистинската жена за себе. Во потрагата по сродна душа ќе им помага водителката Тијана Чуровиќ. Шоуто е снимено во три сезони кои ќе се емитуваат на Алфа, а во Србија моментално се прикажува четвртата сезона во која за промена, се натпреваруваат девет домаќини и една домаќинка. 

Слика

“Domaćine, oženi se” е правено по лиценца на британското “Farmer wants a wife”, прв пат емитувано во Велика Британија во 1991 година. Од тогаш па навака, многу земји имаат направено свои верзии на шоуто, меѓу кои и Хрватска каде беше наречено “Ljubav je na selu”. Хрватската верзија пред 4 години беше прикажувана на Сител телевизија, а на Алфа ќе имате прилика да ја погледнете српската верзија на шоуто.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека другите тв емитуваат премиери, Алфа репризира за викенд

Додека најголемите приватни ТВ куќи како Сител, Канал 5, Алсат и Телма емитуваат премиерни содржини …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!