Почетна / Телевизија / Документарен филм за Лепа Брена во 17:50 часот на Сител

Документарен филм за Лепа Брена во 17:50 часот на Сител

Понеделник, вторник и среда во 17.50 часот на Сител телевизија ќе се прикажува троделниот филм за популарноста на Лепа Брена и “Слатки грех”. Најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена во документарецот ќе зборува за познати, но и непознати детали од својата биографија. Од детството, растежот во работничка фамилија па сѐ до остварувањата на најблескавата кариера на тлото на некогашна Југославија.

Како Брена го градеше брендот, колкава била улогата на менаџерот Рака Ѓокиќ во успехот на Брена и Слатки грех, и како изгледала турнејата која траела цели 10 години? Во филмот ќе говорат истакнати уметници и јавни личности на едно време кое изгради уметник каква што е денес Лепа Брена. Филмот започнува со една нејзина анегдота од основно училиште кога непознат човек ѝ предвидел голема популарност од обем на Тито. За Брена, овој документарен филм е емотивна приказна за нејзиниот живот, сеќавања за едно време во кое сите сме живееле среќно и време во кое ќе се претстават тогашните социолошки, културолошки и економски прилики.

Приказна за девојката од провинција која ќе се качи во автобус со педесетина мажи за да тргне на едно големо ју патување. Рекордер во одржувањето на концерти во Домот на синдикатот и заедно со “Slatki greh” е најтиражниот изведувач во осумдесетите години од минатиот век. Трилогијата за успесите на Лепа Брена следете ја на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестите на Алсат на македонски од сега во 23 часот

Алсат М телевизија го менува терминот за вести на македонски јазик. Наместо 22 часот, од …