Почетна / Серии / Две американски серии на Телма од оваа недела

Две американски серии на Телма од оваа недела

 

Од овој четврток на Телма започнаа американските серии „Веридбени правила“ (Rules of engagement) и „Калифорникација“ (Californication). Иако Телма најавува дека сериите ќе се емитуваат премиерно во македонскиот етер, сепак првите сезони на овие серии ги гледавме и тоа „Rules of engagement“ на Сител и „Californication“ на Скај Нет.

 

 

Комичните сплетки меѓу два пара и еден самец во „Веридбени правила“ ќе ги гледаме секој четврток и петок во 17:15 часот. Креатор на серијата е Том Херц, а во главните улоги настапуваат Патрик Ворбартон, Меџин Прајс, Оливер Хадсон, Бјанка Кајлик, Дејвид Спејд и Адир Калиан.

„Калифорникација“ е драма за животот на Хенк Муди, писател од Њујорк, кој по доаѓањето со сопругата и ќерката во Л.А. доживува калифорникација. Човек растргнат меѓу сите задоволства и пороци што ги нуди Холивуд и борбата да го зачува семејството. Креатор на серијата е Том Капинос, а покрај Духовни, настапуваат Наташа Мекелон и Мадлен Мартин. Серијата ќе се емитува секој четврток и петок во 22:30 часот.

 

Освен американските серии, секој ден во 20:00 часот на Телма се емитуваат италијански мини серии. Наскоро на Телма завршува и сезоната на шпанската теленовела „Тајната на стариот мост“, а дали во тој термин ќе се емитува нова историска серија, останува да видиме.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата ABC драма „Revenge“ сега и на Нова за македонските гледачи

Популарната американска сапунска драма “Одмазда” од понеделник до петок на кабловската Нова во 13.30 часот. …