Почетна / Забава / Владо Георгиев најавува соло концерт во Скопје на 14 февруари

Владо Георгиев најавува соло концерт во Скопје на 14 февруари

 

Владо Георгиев конечно соло во Скопје

 

Најголемиот балкански заводник во моментов, Владо Георгиев после цели 10 години, доаѓа на голем солистички концерт во Скопје. На 14 февруари, денот на љубовта и виното, во спортскиот центар Борис Трајковски, со хитовите на Георгиев, ќе добие една сосема поинаква форма и значење. Имено концертот на Владо Георгиев ќе биде идентичен на оној за кој што зборуваше цела Србија, а се случи во Белградска арена. Освен што на концертот беше присутна цела српска естрада, популарниот Барба се надмина себеси.

Продукцијата задолжена за аудио и видео елементите на концертот е истата онаа која што се потруди белградскиот концерт да го доведе до совршенство, неговата Барба продукција.

Со „Збогом љубави“ кариерата на Барба почна вртоглаво да се движи нагоре. Некогаш само харизматичен црногорец, денес вистински професипоналец. Иако на драго срце деновите би ги поминувал во неговиот Херцег Нови, не дозволува публиката долго да чека на нови концерти, полни сали и клубови со хитовите на популарниот Барба.

Со оглед на тоа дека ова му е прв голем солистички концерт после цели 10 години во македонската метропола, Владо Георгиев сака да остане запаметен во македонската меморија. Иако важи за голем заводник, овој ден на љубовта ќе им го посвети на оние кои што сеуште веруваат во љубовта.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба во: Камарад – Рамстор, цвеќара Розе Веро 2, Југотон, Skopje City Mall и продажната мрежа на купикарти за се. Локалните кафулиња и плоштади низ државата се места од каде што македонските фанови можат да купат влезница за концерт и од каде што е обезбеден организиран превоз.

Дека е сериозен во намерата да ја воодушеви македонската публика, покажува и фактот кој вели дека Георгиев пред концерт почесто ќе престојува во Македонија. Освен најавената прес конференција, ќе договори и дружба со македонските фанови. На сцената пак во Борис Трајковски, нема да биде сам. Највува ексклузивни гости од регионот.

Цената на влезниците до 1 февруари: Партер стоење – 600 денари, Фан Пит – 800 денари, Блок 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 – 700 денари, Блок 2, 4, 12 и 14 – 900 денари, Блок 3 – 1000 денари, Блок 13 – 1500 и 1000 денари.

Концертот е во организација на Прагма продукција.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …