Почетна / Телевизија / Видео | Светска изведба ги расплака сите во новата сезона на „Ѕвездички“

Видео | Светска изведба ги расплака сите во новата сезона на „Ѕвездички“

 

Неверојатен настап на почетокот на “Ѕвездички”

 

Со емитување во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина започна најгледаното српско шоу – Пинк ѕвездички. Сител телевизија го емитува секоја недела во 21 часот, а во првата емисија се случи вистинско чудо за сите.

 

Првата емисија од новата сезона ја одбележа малиот Марко Бошњак. По неговата интерпретација на “One night only”, се случи наплив на емоции. Жирито плачеше, публиката низ солзи аплаудираше, а солзите не можеа да ги сопрат ни малиот Марко, ни неговите родители од зад сцената, а ниту водителката Маријана.

– Ова е перфектно, можеме тука слободно да го завршиме натпреварувањето – рече Хари Мата Хари и додаде дека Марко ги има сите елементи на светски пејач. И останатите членови од жирито беа фрапирани, а како изгледаше тој настап, погледнете од видеото:

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инреком: За дигитализацијата на државата и медиумските слободи

Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!