Почетна / Телевизија / Видео | Мите ја помина првата четвртфинална емисија на „Пинк ѕвезди“

Видео | Мите ја помина првата четвртфинална емисија на „Пинк ѕвезди“

 

Мите со песни од Адил и Немања во “Ѕвездите на Пинк”

 

Мите Стоилков е првиот Македонец кој настапи во првата четвртфинална емсиија на саботното шоу “Пинкови ѕвезди”. Мите настапуваше во група со другиот наш Македонец, Адам Лабунски, но и двајцата успеаа да го фасцинираат жирито и да продолжат во следната четвртфинална емисија.

Мите отпеа две песни и тоа “Да се напијем” од Немања Николиќ и “Синови туге”, преработка на Адил од “Esta ausencia”.

 

 

– Јао, Мите, можам да те слушам 24 часа како пееш. Ти пееш толку нежно, емотивно. Благословена да е мајка ти што те родила – беше коментарот на Цеца Ражњатовиќ по настапите на нашиот Мите.

Со коментарот на Цеца се сложија и Харис Џиновиќ и Бора Чорба, а за Мирослав Илиќ, нашиот кандидат е од тие кои може беспрекорно да пејат и поп и фолк. Во продолжение погледнете ги двата настапа на Мите, а целата емисија со коментарите на жирито во сабота на Сител во 21 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …