Почетна / Телевизија / Видео | Македонецот во „Пинк ѕвезди“ не ја доби поддршката од публиката

Видео | Македонецот во „Пинк ѕвезди“ не ја доби поддршката од публиката

 

Македонија остана без свои учесници во “Пинк ѕевзди”

 

Обично навикнавме македонските учесници во српските музички и реални шоуа со месеци да трпат голема форсираност во македонските меидуми во текот на целото прикажување на шоуата. Тоа не се случи со Денис Димоски, македонскиот учесник во српското музичко шоу “Пинк ѕвезди” кој вчеравечер на првата полуфинална вечер, не ги доби потребниот број СМС гласови од публиката и затоа испадна од натпреварувањето. И покрај тоа што благодарение на жирито, успеа да се пласира до последниот круг од шоуто, сепак македонските и балканските гласачи не му ја дадоа потребната поддршка за влез во финале.

 

 

Многумина од вас и можеби досега не чуле дека имавме наш учесник во ова шоу, па затоа не ни гласале. Телевизија Алфа која го пренесува “Пинк ѕвезди”, не ги форсираше гледачите воопшто со броеви за гласање за кандидатите и разно разни емисии посветени на македонските учесници во ова шоу, како што тоа го прават други телевизии во Македонија кои емитуваат ваков вид на програма.

Во продолжение, погледнете го неговиот настап на последното издание на “Пинк ѕвезди” :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интервју со Владимир Кличко во централните вести на Канал 5

Денес (29. април) во Вестите во 18 часот на Канал 5 гледајте ексклузивно интервју со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!