Почетна / МК Сцена / Васил Гарванлиев сиот во крв, погоден од куршум!

Васил Гарванлиев сиот во крв, погоден од куршум!

 

Васил Гарванлиев, изведувачот на детскиот хит Марионка, целиот во крв со видлива рана на своите гради!

 

Васил Гарванлиев, изведувачот на детскиот хит Марионка, сиот во крв со видлива рана на своите гради – така изгледа новата креативна и помалку чудна фотографија што тој предмалку ја објави на својот Фејсбук профил. Каква приказна стои зад оваа фотографија дознаваме од изјавата што тој ја даде за ТВ Пакет.

„Моментално се подготвувам за Opera Der Freischutz. Ова е моја прва улога како негативец. Мојот лик се вика Каспар и си ја има продадено душата на ѓаволот. Ми остануваат само три години живот. Дејството во операта е сместено на последниот ден од животот на мојот лик. Како Каспар, треба да најдам жртва што ќе си ја даде душата, а јас ќе добијам седум магични куршуми, плус три години живот. Пред да го склучам пактот со ѓаволот, го замолувам да ја убие невестата на младата жртва. На крајот, куршумот наместо да ја погоди Агата, ме убива мене.“, изјави Гарванлиев и додаде дека вечерва ќе се случи генералната проба на којашто ќе се направат уште многу слични луди фотографии.

Тимот на ТВ Пакет му посакува многу среќа и успех на најдобриот и најмладиот баритон во Канада на вечерашната генерална проба.

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тој е секогаш со неа „high“ – погледнете го новиот спот на Иво

Иван Атанасов – Иво е најмладиот ексклузивец на Урбан Рекордс, момчето за кого прв пат …

error: Содржината е заштитена!