Почетна / Телевизија / Александра Накова го напушти „Танц со Ѕвездите“

Александра Накова го напушти „Танц со Ѕвездите“

 

Македонската манекенка Александра Накова и нејзиниот професионален танцов партнер Илија Карадакоски се петтата танцова двојка која го напушта популарното шоу „Танц со ѕвездите 2“.

 

 

Влатко Илиевски и Александра Накова имаа ист број на гласови, а според правилата требаше да има танц за спас „Dance off“, но Накова одлучи да го напушти шоуто од приватни причини. Имено, ден пред снимањето Александра имала сообраќајна незгода и поради набиеници не е во можност да тренира и да продолжи да се бори. Во петтата по ред елиминациона емисија, продукцијата „Дрим фактори“ и МРТ ги изненадија гледачите со „Танц Маратон“ односно „Салсатон“.

Во „Танц Маратон“ преостанатите двојки се на сцена и играат се додека трае песната, судиите кажуваат кој си оди, а тој што најдолго останува на сцената добива најмногу поени. Енергијата на шармерот кој освои многу женски срца – Илија Карадакоски и згодната манекенка Александра Накова ќе им недостигаат на гледачите, но продукцијата подготвува многу нови изненадувања кои ќе ги задржат гледачите на првиот програмски сервис на МРТ.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интервју со Владимир Кличко во централните вести на Канал 5

Денес (29. април) во Вестите во 18 часот на Канал 5 гледајте ексклузивно интервју со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!