Според информациите од МРТ и од 13-тата седница на Програмскиот Совет одржана на 8 октомври во салата за состаноци во МРТ, членот на Советот, Ивана Ефремовски истакнала дека во континуитет публиката бара враќање на Македонија на Евровизија 2026 година, но и дека во целост Боби Андонов поднел барање за покривање на трошоците за учество.
Во записникот од таа седница стои:
“Потоа зема збор Ивана Ефремовски која говореше дека на меил адресата на Програмскиот совет постојано се испраќаат барања за враќање на нашата држава на Избор за песна на Евровизија. Па така таа информираше исто како и пред две седници, дека најголем дел од предлозите се Боби Андонов да биде претставник на Евровизија при евентуално враќање на ова музичко натпреварување, а тоа продолжува од страна на евровизиските фанови.
Но, овој пат Програмскиот совет на МРТ бил контактиран лично од овој млад пејач кој побарал неговото обраќање да се проследи и со останатите членови на Советот. Тој споделил дека управно тело при Владата на Австралија за автори и композитори веќе се согласиле да обезбедат финансиска поддршка и медиумска покриеност, доколку Македонија потврди учество.
Тој вели дека неговиот тим обезбедил дополнителен интернационален фонд за покривање на сето тоа што не е во предвидениот буџет, со што кампањата на Македонија ќе биде претставена глобално и современо без да се потрошат македонски средства. Покрај неговото писмено обраќање тој испратил и две презентации во кои се наведени бројни информации за Евровизија, за неговата кариера и зошто токму тој треба да биде претставник на Македонија на Евровизија. Го презентирал повратот на инвестиции, градењето на глобална кампања, го претставил и тимот со кој би работел за пишување и продукција, па дури и каде би го снимил евровизискиот спот и каков стајлинг планирал да претстави. Таа напомена дека и покрај тоа што Програмскиот совет веќе се изјасни по однос на оваа тема, Советот да креира став и да одговорат на барањето.”
И покрај ова останува нејасно зошто МРТ одбива да учествува на 70-тото јубилејно издание на Евровизија во Виена во 2026 година и зошто не е прифатено ова барање од нашиот учесник на јуниорската Евровизија кој преку управното тело на австралиската Влада ќе ги покрие трошоците за настапот и учеството.
Дани | ТВ Пакет