Почетна / Филм / Втор ден Велигден на Телма со француската комедија „Мадам“

Втор ден Велигден на Телма со француската комедија „Мадам“

Додавајќи малку зачин на бракот, Ана и Боб, богат и добро етаблиран американски пар, се преселуваат во куќа во романтичниот Париз.

Додека подготвува луксузна вечера за софистицирани меѓународни пријатели, нашата домаќинка открива дека случајно има тринаесет гости, што секако носи несреќа.

Во паника, Ана инсистира нејзината лојална слугинка Марија да се маскира во мистериозна шпанска благородничка за да се смени бројот од несреќниот 13.

Но, малку повеќе вино и неврзан муабет прават Марија да му се допадне на еден британски брокер со уметнички дела. Нивната романса ќе ја натера Ана да ја брка својата слугинка низ Париз за конечно да успее да ја уништи оваа најнеочекувана љубовна врска.

Приказната попатно ги третира тешкотиите помеѓу општествените класи и животите на имигрантите, но сепак останува лесна и духовита. Понеделник, втор ден Велигден, Телма телевизија, 22.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра …

error: Содржината е заштитена!