Почетна / Сапуници / Видео | Во Србија има ТВ емисија посветена на Телевиса пресента

Видео | Во Србија има ТВ емисија посветена на Телевиса пресента

Кабловската српска телевизија Уна на голема врата ги враќа теленовелите, односно познатите “шпански серии” на малите екрани.

Покрај низа на нови теленовели, таа телевизија ги вклучува во програмската шема и старите и добро познати латино приказни за Есмералда, Руби, Злобница, Украдена љубов…

Она што е интересно, но и невообичаено е што телевизијата посветува цели емисии на овој тип на тв содржини со цел да ги доближат повторно до тв гледачите.

И токму во таков тип на емисии, гостин е и фан на Телевиса приказните кои отворено зборува за моменталните и идни “шпански серии” кои ќе се емитуваат во Србија, како и за глумците кои се дел од овие серии. Очигледно се работи за неспорен фан на продукциската куќа Телевиса, кој со голем жар, енергија и возбуда зборува за овие содржини.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

За љубителите на дневни фамилијарни и романтични саги, секоја државна телевизија во целиот регион одвојува …

error: Содржината е заштитена!