Почетна / Серии / Нова серија на FOXlife

Нова серија на FOXlife

 

Премиерно на FOXlife од 27-ми март во 20:55 часот


Допир” е новата серија во продукција на Fox. Серијата е создадена од креативното перо на Тим Кринг (креаторот на “Херои”), а во главната улога е популарниот Кифер Сатерленд (Џек Бауер од “24”).

 

Touch е впечатлива и разнолична драма во која науката и спиритуалноста се пресекуваат во една надежна премиса, во која сите сме поврзани на невидливи начини со оние луѓе кон кои судбината не води и влијае.

 

 

Во центарот на драмата е Мартин Бом (Сатерленд), вдовец и самохран татко, прогонет од помислата дека не може да постави никаква комуникација со својот 11-годишен глувонем син, Џејк. Но, кога Мартин ќе открие дека Џејк поседува сосема редок талент и е своевиден гениј – неговата способност да гледа шаблони кои прават конекција помеѓу навидум сосема различни настани, нивните животи драстично се менуваат. Бидејќи Џејк своите мисли ги искажува преку бројки, останува на Мартин тие бројки да ги анализира, да увиди кое е нивното значење и да го поврзе истото со бројот на животи врз кои влијаат.

 

 

 

 Losteech | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култната детска серија „Дајте музика“ продолжува со снимање

По скоро 30 години, повторно се снима легендарната детска серија “Дајте музика”. Емисиите со кои …