Почетна / Сапуници / Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ со летна реприза на Телма

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ со летна реприза на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија со дрога, кражба за пари, експлоатација и семејно насилство. Нова мексиканска теленовела од продуцентот Хуан Осорио Ортиз ја става токму оваа тема во центарот на приказната.

Содржина :
Младата готвачка Паз е љубезна и вредна девојка чиј сопруг Фермин ја одзема нивната новородена ќерка. Фермин има долг кон лихвари и за да го плати тој долг, решава да го продаде бебето на Мауро Николити.

Овој план е смислен од Гинебра, сестрата на Мауро. Таа ја изгубила ќерката при породување и прави сѐ за да ја замени и на тој начин да го задржи богатството на сопругот, лажејќи дека украденото дете е всушност нивно.

Шест години подоцна, Паз сѐ уште е со надеж дека ќе ја најде својата ќерка. Нејзиното семејство води ресторан наречен Коразон Контенто. Таа живее со надеж дека ќе ја пронајде својата ќеркичка, молејќи се само да е жива и здрава.

Вистинската ќерка на Паз сега расте во домот на Гинебра и Елијас. Гинебра ги убедила сите дека девојчето е нејзина ќерка. Самара, е сакана од нејзиниот татко Елијас, но омразена од Гинебра, која не пропушта прилика да ја малтретира.

Гинебра дури ќе се обиде да се ослободи од Елиас и Самара. Планот успева, нејзиниот маж умира, но не и девојчето.

Од друга страна, поради невнимание и одмазда, ресторанот на Паз е затворен, но во нејзиниот живот случајно се појавува убавиот и богат Естебан, кој и нуди можност за заработка така што ќе ја вработи како готвачка во неговиот дом.

Естебан Вила де Кортес е вдовец кој живее со своите три деца. Елвира Монкада, тештата на Естебан, го смета за одговорен за смртта на нејзината ќерка и сака да му го загорчи животот.

Судбината успева да ја донесе Самара во животот на Паз, а меѓу нив се раѓа врска на вистински мајка и ќерка. Романсата помеѓу Естебан и Паз се соочува со голем број предизвици, вклучувајќи ги нивните семејства, нивните сопствени емоции и противењето на злобната Гинебра и доња Елвира.

Од понеделник до петок во 07.30 часот наутро, летна реприза на теленовелата “За љубовта нема рецепт”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На српските телевизии по цела вечер – турски или латино серии

Српските национални и кабловски телевизии како никогаш досега навалија со емитување на турски и латиноамерикански …

error: Содржината е заштитена!