Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Сведоштво за голготатата во Италија во недела во „Трилинг“

Видео | Сведоштво за голготатата во Италија во недела во „Трилинг“

И оваа недела во 19 часот на телевизија 24, нова емисија од општествениот магазин за нашите креативни, провокативни, општествени и политички движења – “Трилинг”. Сведоштво за голготата низ која минува Италија борејќи се со коронавирусот, следиме оваа недела на ТВ 24.

Што значи да се биде во карантин? Дали Италија го потцени вирусот и како резултат на тоа бројот жртви е голем? Како медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести се справува со сомнителните и заболени од коронавирусот и дали стравуваат за сопствените животи?

Како изгледа сликата денес во Клинички центар? Со невропсихијатарот проф. д-р Марија Ралева, тимот на ТВ 24 разговара со за стравот, паниката трезвеноста кај граѓаните.

Покрај тоа, гледачите ќе проследат интервју и со основачот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски. Зошто Георгиевски го напушти Груевски и се приклони кон Заев? Дали ни се потребни избори во ситуација на можна епидемија од коронавирусот? Може или Договорот од Преспа да биде поништен?

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/532903817363623/?t=90

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И во втората сезона на Канал 5 ќе се слабее со „Диетално Максимално“

Втора сезона на Диетално Максимално, од понеделник до петок во 16:30 часот на Канал 5 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!