Почетна / Живот / Промовирана детската книга „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова

Промовирана детската книга „Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова

На 21 февруари во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоција на втората од петте книги за деца од серијалот „Музичка кутија“, на авторката Тина Иванова.
На настанот беше промовирана книгата „Магичната флејта на Вулфи“, по што следуваше камерна претстава за деца. Промоцијата започна со кус разговор помеѓу уредничката на изданијата, Бисера Бендевска, и авторката Тина Иванова. По разговорот, претставата беше збогатена со изведба на дела на пијано и флејта од славниот Волфганг Амадеус Моцарт.

„Магичната флејта на Вулфи“ раскажува за малечкиот, пргав и љубопитен Вулфи, чија истражувачка мисија го води до визбата на неговиот татко, каде ќе ја пронајде волшебната флејта. Токму таа ќе му помогне да го развие својот музички талент. Книгата е илустрирана од Рената Јосифовска.
Книгите се во издание на „Арс Ламина“ во едицијата „Либи“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Исклучи го говорот на омраза“ – нова уметничка акција во Скопје

Во урбаниот простор на Скопје на познатата локација на малиот сквер кај Ким е поставена …

error: Содржината е заштитена!