За обоавателите на Шербетот, следуваат новите сезони од безвременската љубовна сага за Доа и Фатих.
Продолжува моќната приказна за забранетата љубов која ќе треба да ги надмине сите животни искушенија и да се избори за својот триумф.
Љубовта меѓу Доа и Фатих предизвика судир меѓу две семејства за кои беше невозможно да живеат заедно. Судир кој ги соочи модерното со традиционалното, слободата со ограниченоста, разумот со чувствата.
Ќе може ли сега Доа да го прости неверството на оној кој се колнеше во традиционалните и семејни вредности? Ќе може ли Абдула и Алев да ја признаат својата тајна романса пред сите оние кои несомнено ќе ги осудат?
Ќе дојдат ли среќни мигови во врската меѓу Кивилџим и Омер или љубовта ќе се лизне пред нови искушенија? Следуваат нови возбудливи моменти во животите на вашите омилени ликови.
Моменти кои ќе го стават на тест бракот меѓу Доа и Фатих, како и правото на старателство над нивното дете.
И во новите епизоди, мостовите на животот ќе донесат бура од интензивни сплетки и емоции во една од најгледаните драмски серии на денешницата. Секоја вечер веднаш по “Децата од улицата”.
Дани | ТВ Пакет