Почетна / Серии / Премиерни епизоди од врвната шпионска серија „Американците“

Премиерни епизоди од врвната шпионска серија „Американците“

Премиерни епизоди од врвната шпионска серија исполнета со многу акција, политички пресврти и неочекувани игри за моќ и правда.

Добитничка на неколку Прајмтајм ЕМИ награди, како и Златен глобус за најдобра ТВ серија. Стана една од ретките телевизиски драми што освои две награди Peabody за време на нејзиното прикажување.

The Hollywood Reporter и Американскиот филмски институт ја сместија во топ 10 најдобри серии на сите времиња, ставајќи ја во рангот со култните “The Sopranos” и “Breaking bad”.

Напнатоста која нè држеше будни во првите сезони продолжува и во следните продолженија од приказната за руските шпиони, инфилтрирани на американско тло за време на Студената војна во 1980-тите.

Филип и Елизабет ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го чуваат во тајност својот шпионски живот, но за тоа веќе ќе почнат да дознаваат и нивните најблиски. Во исто време, новата уникатна операција на која се подложуваат, го оптоварува нивниот брак, а тајните планови повторно носат голема опасност за земјата.

Од понеделник до петок на полноќ, ја следиме “Американците” на национална македонска фреквенција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нечисти политички игри во италијанската крими серија на МРТ 1

Во политички немирниот пејзаж на Италија од 1970-тите, „Поглед однадвор“ ги оживува и прераскажува шокантните …

error: Содржината е заштитена!