Почетна / Забава / Младата пијанистка Јована Арсоска со блескав успех во Албанија

Младата пијанистка Јована Арсоска со блескав успех во Албанија

Македонската пијанистка Јована Арсоска (20) постигна значаен меѓународен успех освојувајќи две високи награди на престижниот меѓународен музички натпревар „Tempo“, кој се одржа од 22 до 25 мај во историската тврдина на Ѓирокастро, Албанија, во рамките на културната манифестација „Gjiroclassica“.

Арсоска ја освои Апсолутната прва награда во својата категорија, со максимални 100 поени од жирито, што е исклучителен успех кој ретко се доделува. Покрај тоа, таа беше добитник и на специјална награда за најдобар пијанист на натпреварот, под наслов “Margarita Kristidhi”, што уште повеќе го истакнува нејзиниот извонреден настап меѓу сите категории.

Натпреварот „Tempo“ секоја година собира млади музичари од цела Европа и пошироко, нудејќи можност за размена на музички култури, уметничко изразување и професионално вмрежување. Фактот што настапите се одржуваат во автентичниот амбиент на замокот на Ѓирокастро му дава дополнителна тежина и симболика на успехот.

Арсоска, која ја гради својата музичка кариера со посветеност и страст, веќе се етаблира како еден од најперспективните млади уметници во регионот. Нејзините награди претставуваат не само личен успех, туку и потврда за квалитетот на македонската музичка школа на меѓународно ниво.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11-тото издание на престижниот Виолин фест во Скопје и Битола

Престижниот фестивал Виолин Фест, познат по својата мисија да ѝ даде сцена на младата виолинска …

error: Содржината е заштитена!