Почетна / МК Сцена / Видео | „Into The Sunset”, нов летен рок сингл од дуото Tobi & Dean

Видео | „Into The Sunset”, нов летен рок сингл од дуото Tobi & Dean

Дуото Tobi & Dean го објави своето второ авторско дело овој пат на англиски јазик. Песната е во препознатлив рок стил и е насловена “Into The Sunset”. Таа е вистинско летно освежување и освојува на прво слушање. И оваа песна е авторско дело на пејачот Деан Коцевски, а приказната за истата е инспирирана од една негова фотографија направена на зајдисонце во Виена. Токму таа фотографија е и насловна фотографија на синглот.

Ова музичко патување започна со една фотографија. Еден сончев декемвриски ден, уживајќи низ Виенските улици со својот велосипед, овековечив еден кадар со својот телефон, момент кој беше искра за создавање на оваа песна. Инспириран од шармот на Виена добив идеја да го преточам ритамот на секојдневниот живот во песна“, вели пејачот.

“Into The Sunset” го опишува животот во Виена од лична перспектива, како што објаснува Деан. Тој често го користи својот велосипед, од каде и доаѓа мотивацијата за ритам кој одлично одговара за уживање при возење низ градот. Песната ја прославува убавината на оние мали моменти кои им даваат смисла на секојдневните рутини, и нѐ потсетува да погледнеме околу нас и да ги цениме работите кои ни се во околината, а секако и жената е вечна инспирација за љубов и убавина.

Со игрив ритам, интересни фрази и моќни гитари оваа песна пренесува топлина и енергија и е посветена на сите љубители на класичниот рок!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филип Ангелов се врати на сцената со нова песна и спот „Кино“

Македонскиот талентиран пејач Филип Ангов по кратката пауза се врати на сцената и на јавноста …

error: Содржината е заштитена!