Доаѓањето на Сара на хациендата ќе ги промени животите на сите кои дотогаш живееја таму. Таа е новата наследничка на имотот, која ќе треба да го дели богатството со нејзините пет браќа.
Ова е краткото резиме на хит серијата “Наследство” која може да ја следите од понеделник до петок на Телма телевизија.
Една од највпечатливите улоги во новелата е ликот на негативецот Педро, еден од браќата дел Монте, кој нема да бира средства да ги лиши другите од долгопосакуваното наследство.
Во улогата на Педро го гледаме Даниел Елбитар, познат венецуелски актер, кој за нашата публика е запаметен по претходно главните улоги во сериите на Телма – Непобедлива љубов и За љубовта нема рецепт.
Згодниот актер секојдневно ги одзема воздишките на милиони фанови ширум светот, па познатите мексикански магазини направија избор од 10 негови најсекси фотографии.
Погледнете ги и уживајте со Педро.
Дани | ТВ Пакет