Почетна / МК Сцена / Филип Стојковски сними своја изведба на безвременската „Зајди, зајди“

Филип Стојковски сними своја изведба на безвременската „Зајди, зајди“

Младиот македонски пејач кој неодамна се оствари во улогата на татко, Филип Стојковски ја препеа безвременската „Зајди, зајди“, а неговата маестрална изведба ги воодушеви Македонците ширум светот.

Иако се смета за една од најтешките песни отпеани на македонски јазик и не секој пејач може соодветно да ја отпее, сепак, со својот автентичен глас и силна интерпретација Филип ја донесе во вистинско светло.

Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја пеам. Сакав да остане како видео на мрежите за да може јавноста да ја слушне во секое време. Ги пеам и „За Милица“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Девојче бело црвено“ и ред други, си ја сакам и почитувам македонската песна и традиција, вели Филип.

Бендот на Филип Стојковски, покрај него како вокал и фронтмен, го сочинуваат и Ангел Глигоров (виолина), Милош Тошевски (бас клавијатури), Никола Стојмановски (клавијатури) и Гоце Узунски (ударни инструменти).
Слушнете ја „Зајди, зајди“ и уживајте во изведбата на Стојковски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!