Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд“ ја објави својата нова песна која го носи насловот „Пали Запали“, а за истата снимија и видео запис.
Станува збор за балада испреплетена со силни емоции и огромна љубов, приказна која ќе допре до многумина. Музиката и текстот се дело на Драган Ристовски – Дац и Гога Вучиќ, аранжманот на Дац, а комплетното аудио заедно со видео запис е во продукција на „Индустриал Медиа“.
– Најголемиот дел од песната „Пали Запали“ беше готов уште кога пред неколку месеци на нашиот бенд му се приклучи маестралниот вокал Александар Тасевски. Чекавме погоден момент за да ја објавиме и среќни сме што конечно проектот ја виде светлината на денот. Очекуваме да биде одлично прифатена од публиката и нашите поддржувачи, како и претходните проекти на кое работевме. Иако имаме бројни активности овој период, сепак, не ја оставаме јавноста долго без нешто ново и свежо, велат од бендот.
Музичкиот состав „Фидбек Бенд“ повеќе од деценија успешно функционира на домашниот пазар и во просек настапува на повеќе од 100 настани во текот на една календарска година. Пред неколку месеци, маестралниот вокал Александар Тасевски му се приклучи на тимот и заедно продолжуваат да градат нова приказна низ проектите на кои вредно работат.
Дани | ТВ Пакет