Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (50. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (50. продолжение)

По вечерата, Алис се врати во старата соба која ја делеше со својата роднина Елиса.
– Каде беше додека сите те бараа, Алис?
– Во колибата на Енцо, – одговори девојката мирно.
– Што бараше ти таму?
– Немав каде да одам на друго место.
– И како дојде до колибата?
– Ми помогна Кристина. Ние две сме поблиски пријателки одошто се чини.
– Те молам, не сакам да знам за детали.
– Сакаш да ти кажам нешто неверојатно што видов додека бев кај Енцо?
– Што си видела?
– Ја видов Акасија. Се појави пред мене.
– Акасија, онаа која ги прогонува мажите? Не можам да поверувам.
– Се колнам, во животот не сум била толку уплашена.
– Каде беше Енцо?, – праша Елиса.
– Со мене. По тоа што видов, мислам дека Акасија го има и друг пат посетено. Енцо има белег на раката. Белег кој го остава Акасија со мажите кои ги имала.

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 50 – „Украдени бакнежи“

 

По вечерата, Алис се врати во старата соба која ја делеше со својата роднина Елиса.
– Каде беше додека сите те бараа, Алис?
– Во колибата на Енцо, – одговори девојката мирно.
– Што бараше ти таму?
– Немав каде да одам на друго место.
– И како дојде до колибата?
– Ми помогна Кристина. Ние две сме поблиски пријателки одошто се чини.
– Те молам, не сакам да знам за детали.
– Сакаш да ти кажам нешто неверојатно што видов додека бев кај Енцо?
– Што си видела?
– Ја видов Акасија. Се појави пред мене.
– Акасија, онаа која ги прогонува мажите? Не можам да поверувам.
– Се колнам, во животот не сум била толку уплашена.
– Каде беше Енцо?, – праша Елиса.
– Со мене. По тоа што видов, мислам дека Акасија го има и друг пат посетено. Енцо има белег на раката. Белег кој го остава Акасија со мажите кои ги имала.

Антониета се прикраде на горниот кат од хациедната со свеќа во раката. Сакаше да го види Фаусто и да се увери дека е добро, пред да замине на спиење. Но, како што приоѓаше до неговата соба, така слушаше се повеќе гласови. Звучеше како Фаусто да се бори со лош кошмар кој му го краде сонот. Влезе во собата и ја запали ламбата. Фаусто седеше на креветот, препотен, додека телото му трепереше.
– Фаусто, Фаусто, јас сум, смири се. Било само кошмар.
– Не беше кошмар…Тој беше тука, – Фаусто одвај проговори.
– Тој? Кој бил тука?
– Мојот татко, – одговори гледајки право пред себе.
Следејки го неговиот поглед, Антониета забележа само креденец пред себе и сенка од ламбата на таванот.
– Сигурно си имал лош ошмар, Фаусто…Твојот татко е…
– Ти велам беше тука, Антониета. Воопшто не спиев. Тој беше тука. Не е прв пат да ме посети.
Антониета му го допре челото. Се плашеше дека блада како последица на треска. Но, напротив, челото и потта му беа студени.
– Дали некој друг знае дека те посетува?, – го праша.
– Знаеш само ти.
– Ниту Естер не знае?
– Не. Не сакам никој да знае.
– Во ред. Ова ќе биде тајна помеѓу нас двајца. И што ти кажа дон Ињаки што те вознемири толку?
– Не е важно, – одговори Фаусто и посегна по молитвеникот од масичката.
– Фаусто, верувај ми.
– Не би сакал да говорам за тоа.
– Разбирам, – рече таа и ја спушти главата.
– Оди си, Антониета. Остави ме сам. Сакам да се молам. Само така можам да го смирам духот.
Таа сфати дека не е пожелна и ја напушти собата, оставајки го својот Господар во истиот мрак во кој го најде.

Алис лежеше на креветот и читаше еден роман, но прочитаното не и влегуваше во глава. Од време на време ќе го подигнеше погледот и погледнуваше во својата братучетка. Не знаеше зошто но Елиса и се чинеше секој ден се почудна. Ја спушти книгата и пријде до Елиса која внимателно ја чешлаше својата долга коса.
– Дали сакаш да ти сплетам плетенки?, – се понуди Алис.
– Тенки плетенки, те молам. Дебелите плетенки не се елегантни.
Алис пријде до својата роднина каде што се гледаше во кристалното огледало пред себе. Откакои ја спелте плетенката ја праша дали ќе излегува некаде.
– Каде би излегла во оваа доба, Алисиња?
– Не знам, но го носиш својот втор најдобар фустан, имаш накит на себе, како да се подготуваш за некоја свеченост…
– Каде би можела да одам во овој проклет и мал град? Понекогаш сакам да се дотерам самата за себе.
– Ќе одам во кујната по чаша млеко. Сакаш ли нешто?
– Не благодарам.
Алис ја напушти собата, оставајки ја Елиса сама и замислена гледајки се во огледалото. Чекореше по ходникот, кога слушна ероткси звуци од собата на Рикардо. Љубопитно се доближи до вратата и звуците беа поживи. Тивко ја подотвори кваката и забележа две сенки како играат на слабата светлина од свеќата која догоруваше, додека на креветот во ексатаза уживаа Рикардо и Кристина. Самата идеја дека пред неа е гола жената за која толку многу сонуваше и ја посакуваше, предизвика возбуда кај девојката. Почна да ги допира своите гради, замсилувајки се дека е на местото на својот братучед.

Енцо седеше на една карпа покрај реката и ги наполни градите со свеж воздух. Јасната сончева светлина се распротегаше по полињата додека дуваше свеж ветар. Од правец на реката доаѓаше песната на жените кои недалеку ги переа своите алишта. Енцо застана на нозе и погледна кон пампата. Ги слече своите панталони и кошулата па влезе во студената вода на реката. Се капеше нешто повеќе од петнаесет минути, па на излегување, на самиот брег со врвот на окото забележа нешто како да позлатува во реката. Прво помисли дека сончевите карци си поигруваат со него, но се наведна и со рака го зачисти песокот во водата. Немаше никаков сомнеж дека се работи за злато. Немаше многу време да му се израдува, ниту за да ги среди своите мисли. Слушна галоп од коњ и кога го подигна погледот, Елиса Кастењон слегуваше од животното.
– Енцо…
– Госпоѓице Елиса?! Зарем не знаете дека татко ви забрани да ми се приближи било кој од вашата фамилија?!
– Дојдов да прашам дали ти беше тој кој што сакаше да го убие татко? Дали ти пукаше во него, Енцо?

Како што растеше денот, така температурата стануваше се поголема. Кристина се разладуваше на пумпата додека ги переше алиштата. Со раскопчано деколте и влажни ракави од далеку ја забележа Алис.
– Дојдов да прашам зошто со Рикардо а не со мене? Рикардо е сеуште дете.
– Што зборуваш?
– Нема потреба да негираш, Кристина. Сношти ве видов.
– Таа твоја навика да ги шпиунираш луѓето еден ден ќе ти донесе невоља, девојко, – рече Кристина закачувајки ги испарните алишта преку жицата за сушење.
– Зошто ми го правиш ова, Кристина?
– Да не почнуваме со истото госпоѓице, те молам. Ако толку сакаш да знаеш, со Рикардо бев само заради пари.
– И јас можам да ти платам…
– Не знам зошто не ти е јасно дека има работи кои сакам да ги правам и работи кои не сакам. Да бидам со жена е она што не сакам да го правам. Мене ме возбудуваат мажи, прави мажи. Освен тоа, кој да те разбере? Очајно ме молеше да те скријам, а сега повторно си тука.
– Бидејки склучив договор со Анибал.
– Одлично. Тогаш повеќе немаш потреба од мене. Подобро врати се кај твојот маж и однесувај се како почитувана дама.
– Јас никогаш нема да бидам дама. Знаеш зошто? Бидејки сум вљубена во тебе.
– Што зборуваш? Престани да си играш со мене и остави ме на мира. Како можеш да бидеш вљубена во жена? Ти си болна девојка…
– Не, Кристина. Ти говорам од срце. Јас те љубам.
– Госпоѓице Алис, те молам врати се кај твојот маж и остави ме на мира.
– Ти најдобро знаеш дека не чуствувам ништо за мојот маж.
– Морам да се вратам на работа, остави ме на мира…
Кристина направи чекор во спротивен правец, но Алис ја задржа за рака и пред да стане свесна што се случува, Кристина ги почуствува врелите бакнежи од девојката на своите усни.
Се отргна брзо, па со сета сила и замавна шлаканица. Ударот беше толку силен, што Алис се затетераве.
– Никогаш повеќе да не си ме допрела, дали сум јасна?, – ржеше како мачка. – уште еднаш направи го ова, Алис, и ќе ја запознаеш вистинската Кристина Анџели.
Пораката беше повеќе од јасна. Кристина се врати назад на својата работа, а Алис остана држејки ја десната страна на лицето. Но она што навистина и предизвикуваше задоволство, беше вкусот на бакнежот кој го имаше на своите усни, бакнежот кој никој друг не можеше да го избрише.

Енцо се чуствуваше непријатно што е по долна облека пред младата госпоѓица, па ги облече своите пантолани и кошула пред да го продлжи разговорот со неа.
– Сношти, мојата сестра ми кажа дека било пукано во дон Фаусто. Ќе биде тешко да го најдете сторителот, госпоѓице, бидејки Вашиот татко има повеќе непријатели од пријатели.
– Сакам само да знам дали ти го стори тоа?
– Секако дека не, – одговори тој, гледајкија во очи. – Јас не сум убиец.
– Зошто велиш дека мојот татко има многу непријатели? Тој е добар човек, религиозен кој верува во Бога.
– Оваа тема е завршена, госпоѓице Елиса. Ве молам вратате се дома, пред да дознае вашиот татко дека сте ме виделе.
– Енцо, те молам не биди таков со мене. Потребен си ми.
– Заборавете на мене, госпоѓице. Ве молам, имам многу работа и сакам да бидам сам.
– Зошто упорно ме избегнуваш, Енцо? Бидејки не можеш да ја заборавиш мојата мајка?
– Јас и вашата мајка немаме ништо, госпоѓице.
– Но, сте имале.
– Зошто дојдовте? Вие сте размазена девојка која само сака да привлекува внимание.
– Јас те љубам, Енцо.
– Ве молам, госпоѓице.
– Зошто не сакаш да прифатиш дека моите чувства се вистинити?
– Качете се на коњот и вратете се дома.
Како пеперутка која налетува на цвет, така Елиса се нафрли на Енцо и му украде еден бакнеж.
– Што правите?, – ја праша збунето.
– Нема така лесно да се ослободиш од мене, Енцо. Се колнам, – одговори девојката пред да ги земе уздите на својот коњ.

Откако докторот му ја преврза раната на Фаусто и ја напушти собата, влезе Естер, да види во каква состојба е нејзиниот сопруг.
– Фаусто, знам дека не сакаш да бидеш вознемируван, но сакам да разговарам со тебе за нешто многу важно. Дали ти виде кој пукаше во тебе онаа вечер?
– Не видов, но нема сомнеж дка ова е дело на Енцо Анџели. Кога ќе бидам подобар, тој проклет италијанец ќе лета како старо руво од оваа земја. Од мојата земја, – нагласи.
– Не верувам дека Енцо е способен да убие некого…
– Тој човек е решен да ме лиши, Естер. Затоа сакаше да ме убие. Но, ќе ти кажам само едно нешто, Енцо нема да успее во намерата. Сега остави ме, сакам да одморам.
Естер покорно го послуша и излезе од собата. Минувајки покрај ходникот, низ прозорецот ја забележа Елиса како слегува од коњот. Му ги подаде уздите на Антенор и се упати кон куќата.
– Каде беше, Елиса?, – ја праша својата ќерка пречекувајки ја на скалите.
– Навистина сакаш да знаеш мајко?
– Да.
– Во ред. Бев кај човекот кој го љубам. Бев со Енцо.
Естер почуствува како зборовите на својата ќерка да и го жигосаа срцето. Почуствува силна болка во градите и не можеше да ја сокрие својата реакција.
– Што е? Белки не си љубоморна?, – и пркосеше Елиса.
Наместо одговор, Естер ја награди со силна шлаканица.

Со спуштен поглед, Моналиса влезе во собата на Господарот. Антониета ја имаше пратено да ја исчисти прашината и да ја смени постелнината на креветот. Од онаа непријатна ситуација кога ја виде својата мајка со него во кујната, Моналиса немаше храброст да го погледни во очи. Само учтиво го поздрави и почна да си ја врши својата задача. Беше нервозна бидејки го чуствуваше погледот на Господарот иако му беше завртена со грб, а кога беше нервзона и трепереа рацете а со растреперени раце ја турна порцеланската фигура од масичката и истата се скрши на парчиња.
– Што направи?, – Фаусто ја праша дрско.
– Простете, газда, не беш енамерно…Навистина простете.
Фаусто полека стана од креветот. Се беше улежан последните два дена и нозете му беа закржлавени. Направи напор, но сепак застана на нозе и полека пријде до девојката.
– Проклета!, – извика. – Ја скрши порцеланксата Богородица која ми беше спомен од мојата мајка.
Моналиса трепереше како лист. Во секој момент очекуваше да ја почсуствува силната рака на господарот преку своето лице. Но наместо тоа, тој само нежно ја помилува по косата.
– Зошто трепериш, Моналиса? Така убава девојка како тебе не треба да стравува од ништо. Точно, би можел да те казнам за она што го стори, но нема, ако направиш нешто за мене. Поажи ми ги градите.
Моналиса го гледаше со страв во очите. Подобро да ја удреше наместо ова.
– Ајде, никој нема да види, никој нема да знае, – инсистираше тој.- зарем нема да ме послушаш, Моналиса? Зарем ќе одбиеш наредба од својот Господар?
Девојката го спушти погледот. Дишеше длабоко и забрзано, имаше чуство дека срцето ќе и избие преку градите. Посегна со растреперени раце по копчињатана својата кошула и едно по едно ги откопча. Ги затвори очите силно, додека го чуствуваше погледот на својот Господар како гледа во нејзиното голо деколте.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …